Мухамед Сејдини: Радоста е голема, но да ги почитуваме мерките

пред 4 години

Претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини им го честиташе историскиот успех на репрезентативците и пласманот на Европското првенство, но повика и прославувањето да биде со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

„Радосни сме, од срце им честитам на македонските фудбалери за историскиот резултат. Репрезентацијата покажа неверојатна сила и го заслужија епитетот – спортски херои. Фудбалерите, стручниот штаб и сите од ФФМ и медумите, најмногу сакаат да ја споделат радоста со навивачите и нашите сограѓани. Но, во време на пандемија мораме да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето и ве замолувам да бидеме одговорни.Ова е момент на голема радост, но убеден сум дека ќе имаме уште многу вакви моменти на кои заеднички ќе прославуваме. Да ги почитуваме мерките на здравствените институции за добро на секој од нас. Имаме два натпревари за неколку дена и важно е да ги поштедиме и нашите херои.Се гледаме на Европско. Напред Македонија“ – порача Сејдини.

Scroll to Top