Пирло признава: Сите чекавме на Роналдо

пред 4 години

Андреа Пирло признава дека го чекал Кристијано Роналдо да се врати во акција по пет меча поради позитивниот тест на КОВИД-19, за Португалецот да постигне два гола и да го предводи Јувентус до 4:1 победа на гости кај Специја. 35-годишниот Роналдо влезе во 56. минута и за само три минути го врати водството на Јуве, за потоа од пенал да ја комплетира победата, и Пирло беше задоволен. „Малку го сменивме системот, знаев дека Артур ќе добие повеќе слобода за игра. Роналдо се подобрува и сите чекавме на него. Тој и Дибала се во одлична форма, ќе видиме како ќе се чувствуваат во следните денови. Се обидувам да ја поедноставам играта во одбраната со две цврсти линии и мораме да бидеме поагресивни кога ќе ја загубиме топката, бидејќи е полесно да се трча 5 метри отколку 70. Второто полувреме беше добро, а Роналдо многу ни помогна“, вели Пирло. Јувентус се враќаат во ЛШ во среда со гостување кај Ференцварош во Унгарија по поразот од 0:2 од Барселона во средата. Со Роналдо е полесно – Јуве ја прекина лошата низа

Scroll to Top