Судија му покажа црвен картон на фоторепортер

пред 3 години

Вчера на натпреварот Јунак – Рудеш од втората хрватска лига, судијата му покажа црвен картон на фоторепортер. Ова, пишуваат хрватските медиуми, е најверојатно првиот црвен картон што го добил некој фотограф во светот.

Кога гостите поведоа со 0-2 во 44. минута од натпреварот, фоторепортерот го навредил тренерот на Рудеш, Марио Царевиќ.

„Среќен ли си сега сељашичте непристојно?“, искоментирал тој.

Ова го слушнал судијата, па му покажал црвен картон и го оддалечил од местото покрај теренот каде што стоел за да слика. Сето ова подоцна е опишано и во делегатскиот извештај кој е доставен до фудбалската федерација по натпреварот.

Уште не се знае дали и каква казна ќе добие локалниот фоторепортер.

Scroll to Top