Титула и историја за Ѓоковиќ во Рим!

пред 4 години

Новак Ѓоковиќ е новиот шампион на турнирот во Рим. Најдобриот тенисер на светот стигна до петтата титула во „вечниот град“ по победата над Аргентинецот Диего Шварцман со 7:5, 6:3. Србинот ја освои рекордната 36-та титула на Мастерс-турнирите, и се искачи на првото место на вечната ранг-листа. Ѓоковиќ стигна и до 81-от трофеј во кариерата. Триумфот на Новак му донесе нови 400 АТП поени, со кои ја зголеми предноста пред второпласираниот Рафаел Надал. И тоа на денот кога го престигна Пит Сампрас на второто место на вечната листа според бројот на недели поминати на првата позиција. Ѓоковиќ воедно стана најстариот шампион на Рим во историјата. sportmedia.mk

Извор: vecer.mk

Scroll to Top