Фонсека ќе остане во Рома доколку тимот се квалификува во Лигата на шампионите

пред 3 години

Договорот со тренерот на Рома, Пауло Фонсека автоматски ќе се обнови доколку тимот се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, пренесува „Скај Италија“.

Според изворот, оваа ставка е напишана во договорот на 47-годишниот Португалец. Забележано е дека Рома преговара за нов договор со специјалистот под различни услови.

Актуелниот договор на Фонсека важи до крајот на сезоната 2020/21.

Рома со 14 бода е на 4. место по седум кола од италијанскиот фудбалски шампионат.

Scroll to Top