Швјонтек – Кенин во женското финале на „Ролан Гарос“

пред 4 години

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја елиминира Надја Подороска и се пласира во финалето на „Ролан Гарос“. Швјонтек и препушти само три гема на Аргентинката, а таа го направи претпоследниот чекор на патот до трофејот по 72 минути.

Швјонтек, која пристигна во Париз како 54-та во светот, стана тенисерка со најнизок ранг, која стигнала до финалето на „Ролан Гарос“ од 1984 година.

Таа не загуби сет на патот до финалето (12:0), а доколку ја добие борбата за трофејот, следната недела ќе ја пречека како 17-та на ВТА-листата, а во спротивно ќе стигне до 24-тата позиција.

Вториот учесник во финалето ќе биде Софија Кенин, која ја совлада Петра Квитова.

Scroll to Top