Ѓоковиќ 10-ти пат во финалето на мастерсот во Рим

пред 4 години

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на турнирот во Рим откако денеска со 7:5 и 6:3 го елиминира Каспер Руд. Новак имаше проблеми на стартот но потоа „додаде гас“ и заслужено победи. Така по десети пат во кариерата ќе игра финале во Рим, а ќе игра за 36. трофеј на мастерс турнирите што ќе биде рекорд. Новак во финалето ќе игра со подобриот од Шаповалов и Шварцман кој се игра вечерва. Финалето ќе се игра утре за кога е закажан и женскиот дуел за трофејот помеѓу Халеп и Плишкова. sportmedia.mk

Извор: vecer.mk

Scroll to Top