Ажурирањето на Huawei Watch GT 2 Pro овозможува постојано следење на сатурација на кислород во крвта

пред 4 години

Сатурацијата на кислород во крвта или SpO2 е еден од важните параметри к о и вреди да се след ат како за време на спорт ување , така и во нашиот секојдневен живот. Параметарот е особено критичен во спортовите како што се планинарење, алпинизам и други, кога има појава на разреден воздух или друг физиолошки ризик што доведува до недостиг на кислород во нашето тело. Тоа е особено важно за целокупн от о здравје и е еден од клучните индикатори на респираторни проблеми. Преку серијата Watch GT, Huawei претстави опција за моментално мерење на овој параметар во свои те модели, меѓу кои и кај Watch GT 2, Watch GT 2e, Watch Fit и Watch GT 2 Pro кои се достапни на нашиот пазар . Покрај тоа, во следните неколку дена, до 16 ноември, со ажурирање на врвниот модел Watch GT 2 Pro, ќе може постојано да ја следи те сатурацијата на кислород, па дури и да добиете предупредува ње кога паѓа под одредена граница – под 90% за која се смета дека треба да се обрне поголемо внимание. Во екот на зимската сезона, кога респираторните заболувања се честа и вознемирувачка појава, овој параметар може да го следите и на дисплејот на вашиот смарт часовник. Употребата на нови материјали, како црн сафир- кристал во основата на часовникот, во голема мера ја зголемува точноста на измерените параметри, вклучително и отчукувањата на срцето и сатурацијата на кислород, како и зголемувањето на нивото на стрес и фазите на спиење. Паметниот часовник не е медицински уред, но е не заменлив партнер кој го насочув а вашето внимание кон подобрува ње на физичк ото и менталн ото здравје , а во некои случаи – како нетипична промена на срцевиот ритам или сатурација на кислород во крвта, може да ве предупреди и охрабр и да направите потемелна проверка. За да ја искористите оваа опција на Watch GT 2 Pro, треба да ја ажурирате апликацијата Huawei Health на вашиот паметен телефон во верзија та 11.0.0.510 , која е веќе достапна во Huawei AppGallery, и самиот часовник во верзија та 10.1.2.52 , што ќе се испраќа етапно на уредите во периодот од 9 до 16 ноември.

Scroll to Top