Елон Маск: Се обидов Tesla да ја продадам на Apple

пред 3 години

Елон Маск изјави дека го контактирал Извршниот директор на Apple, Тим Кук во врска со купувањето на Tesla, но Кук го одбил неговиот предлог, пренесува The Guardian.

Тој наведува дека во најтешкиот период на развојот на Model 3, сакал да го продаде за една десетина од сегашната вредност.

Коментарот на Маск следеше по извештајот дека Apple работи на производство на електричен автомобил со напредна технологија на батерии. Многумина, вклучувајќи го и Мaск, ја доведоа во прашање таа технологија.

Оваа изјава на Маск не е изненадувачка – во 2013 година, барајќи можност да ја спаси компанијата, Маск потпиша договор со Google за купување на Tesla. Маск го наведе тоа во својата биографија во 2015. година.

Apple од 2014 година преку „Проект Титан“ се обидува да развие сопствено возило од нула, а во најновите извештаи се наведува дека автомобилот на крајот сепак можеби ќе биде произведен од надворешен индустриски партнер.

Apple планира да објави сопствен автомобил во 2024. година

Scroll to Top