Роверот Perservance ги испрати првите панорамски фотографии од Марс (ВИДЕО)

пред 3 години

Роверот на NASA, Perservance ја испрати на Земјата првата панорамска слика на површината на Марс, објави американската агенција за истражување на вселената.

Фотографијата што го опфаќа целиот круг е составена од 142 слики направени на 21 февруари од камерата „масткем-з“.

Сликата покажува пуста област со геолошки формации, вклучувајќи карпа со бразди од ветер и работ на кратерот Jeзеро, каде што роверот слета минатата недела.

NASA објави дека модерната камера ќе им помогне на научниците да ги испитаат атмосферските услови во кратерот и оддалеку да ги идентификуваат видовите карпи и седименти кои треба да се испитаат со помош на инструменти на роверот.

Џим Бел, истражувач од Државниот универзитет во Аризона, кој ја води операцијата со камерата „масткем-з“, рече дека фотографијата потврдува дека роверот паднал на идеално место, пренесе агенцијата DPA.

Perservance патуваше низ вселената скоро седум месеци по лансирањето од Кејп Канаверал на Флорида.

Научниците се надеваат дека ќе пронајдат докази во езерскиот кратер дека микробите постоеле на Марс во минатото. Марс имаше вода на својата површина пред милијарди години, а на тоа се заснова и претпоставката дека можеби постоел некој облик на живот на планетата.

https://www.instagram.com/p/CLsQWxTpbyC/Perservance ќе ја истражува површината на Марс, неговата геологија и клима најмалку две години, а исто така ќе собира примероци од карпите и почвата.

Scroll to Top