САД го отстрануваат Xiaomi од владината црна листа

пред 3 години

Министерството за одбрана на САД ќе ja отстрани кинеската компанија Xiaomi од црната листа на владата, покажуваат судски документи, со што се отвора патот за идни американски инвестиции во овој производител на паметни телефони.

Судското досие вели дека двете страни ќе се договорат да го решат актуелниот спор без натамошни процеси, со што завршува краткиот и контроверзен спор меѓу компанијата и Вашингтон.

Од Xiaomi веднаш не одговориле на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Претходно годинава, Министерството за одбрана на САД, под администрација на Трамп, ја прогласи компанијата за поврзана со кинеската војска, па така беше ставена на список за забрана за американски инвестиции.

Xiaomi брзо реагираше со поднесување тужба против владата на САД, нарекувајќи го третманот незаконски и неуставен и негирајќи какви било врски со кинеската армија.

Во март, под администрација на Бајден, федерален судија привремено го блокираше активирањето на црната листа.

Како што се прошири веста за одлуката, акциите на Xiaomi скокнаа за шест проценти во Хонгконг.

Scroll to Top