Албум на Џон Ленон, потпишан за неговиот убиец, се продава на аукција 40 години по неговата смрт

пред 3 години

Албумот на кој Џон Ленон ставил потпис за неговиот атентатор пред 40 години е на аукција во Њујорк.

Копија на Double Fantasy  што Ленон ја потпиша за Марк Дејвид Чепмен неколку часа пред неговата смрт на 8 декември 1980 година, ја продава приватен колекционер преку „Голдин аукции“ со седиште во Њу Џерси.

Наддавањето во вторникот започна со 450. 000 долари, но портпаролот рече дека аукциската куќа очекува да се продаде за околу 1.5 милиони долари до денот на затворање на онлајн аукцијата во сабота.

Чепмен го застрела Ленон четири пати од непосредна близина, и кога беше уапсен рече дека мотивот на убиството е „само-слава“. Музичарот се враќаше дома со неговата сопруга Јоко Оно. Почина на пат кон болница на 40-годишна возраст.

„Голдин окшнс“ соопштија дека убиецот го замолил Ленон да го потпише албумот порано во текот на денот, а по пукањто го фрлил во жардињера пред апартманот на легендарниот „Битлс“. На него има и полициски ознаки бидејќи бил земен како доказ.

Од аукциската куќа го нарекоа „најважната реликвија на рокенролот ставена за продажба“.

Оддавајќи му почест на покојниот Битлс во вторникот, Пол Макартни напиша на Твитер: „Тажен тажен ден, сеќавање на мојот пријател Џон и огромната радост што му ја донесе на светот“.

Scroll to Top