Бијонсе, Тејлор Свифт влегоа во историјата на „Греми“

пред 3 години

Teјлор Свифт и Били Ајлиш ги освоија главните награди на доделувањето „Греми“ во неделата, но Бијонсе беше големата победничка во историјата на музичките награди и во ноќта обележана со повеќе победи за жени.

Четирите Греми-награди на Бијонсе – две од нив ги подели со победничката за најдобар нов уметник Меган ди Сталион –ѝго зголемија вкупниот број победи во кариерата на 28, надминувајќи го претходниот рекорд на „Греми“ за женски уметник поставен од пејачката Алисон Краус.

Албумот на Свифт, „Фолклор“, снимен за време на самоизолација среде пандемија, беше прогласен за албум на годината и ја направи 31-годишната музичарка прва жена која ја понесе дома оваа награда три пати.

На социјално дистанцирана церемонија која вклучуваше настапи во живо и претходно снимени настапи, авторите на I Can’t Breathe („Не можам да дишам“) на аренби уметникот Х.Е.Р победија во категоријата песна на годината.

Напишана е како одговор на протестите Black Lives Matter (Црните животи се важни) кои минато лето избувнаа во САД по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец.

Афроамериканската култура беше прославена и во синглот Black Parade на Бијонсе, која е прогласена за најдобра аренби изведба.

Баладата на Ајлиш Everything I wanted („Сè што сакав“) освои рекорд на годината, а 19-годишната девојка победи и за нејзината тематска песна за претстојниот филм за Џејмс Бонд „Не е време аз умирање“.

Британската пејачка Дуа Липа освои „Греми“ за најдобар поп-вокален албум за Future Nostalgia и говореше за вредноста на музиката во тешки времиња.

Scroll to Top