Бостон поведе во конференциското полуфинале со Торонто

пред 4 години

Екипата на Бостон го доби првиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција во НБА плејофот и поведе со 1:0 против Торонто во серијата прв до четири. „Селтикс“ до вечерашниот триумф со 112:94 дојдоа по убедливата предност од 16 разлика што ја создадоа веќе по првата четвртина (39:23). Бранителот на трофејот Торонто репторс до крајот не успеа да фати резултатски приклучок и шансата за прва победа во серијата ќе ја бара на втората средба. Најефикасни во победничкиот тим беа Џејсон Татум и Маркус Смарт со по 21 поен. Вечерва и во текот на ноќта играат: Далас – ЛА клиперс и Јута – Денвер. Ова се средби од првото коло. Јута и Клиперс имаат водство со 3-2 во победи. Текстот Бостон поведе во конференциското полуфинале со Торонто е превземен од А1он .

Scroll to Top