(Видео) Доналд Трамп објави видео со кое ја докажа изборната измама

пред 4 години

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави снимка во која работници, наводно, ги пакуваат гласачките ливчиња кои пристигнале преку пошта.

На снимката се гледа како мажи во униформи, ги вадат писмата од поштенските сандачиња во кои биле гласачките ливчиња и ги пакуваат во црна торба.


Со тоа, тој тврди дека изборите биле наместени и дека му е жал поради нивото на кое се спуштила нивната држава.

„Ги барате гласачките ливчиња. Зарем до ова ниво дојде нашата држава?“, напиша Трамп на „Твитер.

За потсетување, на американските претседателски избори, победата ја однесе демократот Џо Бајден, а Трамп не прифатил пораз и веќе со денови говори за изборна кражба.

Scroll to Top