(Видео) Најк промовира нов модел патики за мрзливи луѓе

пред 3 години

Спортскиот бренд Најк дизајнираше патики за мрзливи луѓе, наречен Go Flyease. Тие велат дека овој модел е лесен за носење, а патиката целосно се трансформира кога ќе се стави на ногата. Моделот е многу соодветен за луѓето кои не сакаат да користат раце кога облекуваат обувки.

Необичните патики се појавија во време кога луѓето се обидуваат да допрат што е можно помалку работи, поради пандемијата, а Ковид-19 ја зголеми побарувачката за удобни обувки, додека изгледот на обувките станува сè помалку важен.

Моделот Go Flyease има уникатни карактеристики, меѓу кои и специјален ремен што служи за прицврстување на патиката наместо врвки. Кога ќе ги облечете, треба само да ја турнете ногата во патиката. За да ја собуете, треба да стапнете на петата со една нога и да влечете.

Патиките ќе бидат во продажба од 15 февруари по цена од 120 долари преку веб страницата на Најк. Во продавниците ќе се продаваат подоцна во текот на оваа година.

 

Scroll to Top