(Видео) Отровните реки со злато во Амазонската прашума низ фотографии на НАСА

пред 3 години

Дел од Амазонските прашумите во Перу, сјаеле како злато на фотографиите кои што астронаутите од Меѓународната вселенска станица успеале да ги направат.

Фотографијата всушност успеала да фати рефлексија на сончевата светлина од јамите кои што се полни со заматена вода, но во нив всушност се наоѓа и по малку злато. Локалните жители ги ископувале јамите, ја ваделе тињата од нив во потрага по парчиња злато, пренесува „NASA Earth Observatory“.


„Секоја од јамите е опкружена со девегетациско подрачје на калливо тло. Тие делови ги следат тековите на прастарите реки кои што имаат многу седименти, вклучувајќи и седименти од злато“, појаснува Џастин Вилкинсон од државниот Универзитет во Тексас.

 

„На фотографијата може да се види дел од амазонската прашума во перуанската покраина Мадре де Диос (Божја мајка), а токму на тоа подрачје се наоѓа и една од најголемите независни индустрии за рударство на злато во светот“, додава Вилкинсон.

На тоа подрачје илегално оперираат 30.000 рудари, истовремено уништувајќи ја прашумата во потрага по грам од најценетиот метал.

И додека тоа може да значи некаква можност за заработка за сиромашните жители на споменатата покраина, за амазонската прашума тоа е погубно.

Истражувањето кое што било објавено во 2011 година покажало дека барањето злато на тоа подрачје има најголемо влијание во исчезнувањето на прашумата.

Но, потенцијалните проблеми тука не запираат. Тие илегални рудари всушност го ставаат во ризик и локалното население затоа што мешаат седименти со жива за да го издвојат златото од другите минерали, пренесува „Live Science“.

Како последица на тоа, најверојатно 55 тони жива годишно завршува во локалните реки и атмосферата, а локалните жители кои што јадат риба од тие води имаат три пати поголеми шанси за труење со жива.

Scroll to Top