(Видео) Русија лансираше ракета која носи 38 странски сателити во орбитата

пред 3 години

Од космодромот во Казахстан руската ракета „Союз 2.1а“, која во орбитата носи 38 сателити од 19 земји, беше успешно лансирана.

Лансирањето во два наврата беше одложувано во саботата поради технички причини, а во третиот обид денеска сѐ одеше како што треба, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Утринава во 9 часот, 7 минути и 12 секунди од космодромот „Бајконур“ во орбитата замина ракетата која носи 38 сателити од 19 различни земји и тоа: Аргентина, Бразил, Германија, Израел, Италија, Јапонија, Јужна Кореа, Канада, Кенија, ОАЕ, Обединето Кралство, Русија, Саудиска Арабија, Словачка, Тајланд, Тунис, Унгарија, Холандија и Шпанија.

Меѓу нив се и јапонскиот „ELSA-d“ за собирање на вселенски отпад, саудискиот „NAJM-1“ за фотографирање на Земјата, италијанско-кенискиот „SIMBA“ за следење на животни, како и првиот сателит целосно произведен во Тунис и наречен „Challenge One“ (تحدي 1).

 

Scroll to Top