Внукот на Елвис Присли погребан во Грејсленд покрај славниот дедо

пред 4 години

Бенјамин Кео (27), внукот на Елвис Присли, е погребан во Грејсленд покрај неговиот славен дедо. Кео е погребан во Градината за медитација. Тука се погребани и прабабата на Кео, Гледис, прадедото Вернон и прапрабабата Мини Меј Присли. На погребот присуствуваа само членови на семејството. Кео се самоуби со пушка на 12 јули, во бањата каде во 1977 година е најдено мртвото тело на Елвис. Кралот на рокенролот, пак, почина на 42 години, од срцев удар, како последица на мешање на таблети-опијати и седативи. Кео беше син на единствената ќерка на Елвис, Лиза Мари Присли и на нејзиниот поранешен сопруг, кантавторот Дени Кео. Грејсленд, имотот на Елвис во Мемфис, годишно го посерубаат меѓу 500.000 и 750.000 туристи. Најголемиот број од нив доаѓаат во август на комеморациите на „Неделата на Елвис“, кои ја вклучуваат и познатата поворка за бдеење на свеќи до гробот на Присли. Грејсленд беше затворен за посетителите на коронавирусот, а според најавите повторно ќе се отвори во четврток.

Scroll to Top