Војводата и војвотката од Кембриџ слават 10-годишнина од брак

пред 3 години

Во 11,30 часот наутро на 29 април 2011 година, Кетрин Мидлтон, облечена во креација на Александар Меквин, тргна по ходникот на опатијата Вестминстер фатена под раката на својот горд татко Мајкл Мидлтон да се омажи со принцот Вилијам. Нејзината сестра, Пипа Мидлтон, беше деверуша.

Денес, кога кралскиот пар слави 10 години брак, беа споделени фотографии од блескавиот настан.

10 години по кралската венчавка, фотографот Крис Џексон исто така сподели свои омилени фотографии од парот од изминатата деценија, меѓу кои и тие со кралски бебиња, турнеи во странство и семејни прослави.

Војводата и војвотката на Кембриџ излегуваат од Вестминстерската катедрала на денот на свадбата, 2011 година

 

Официјална фотографија на принцот Чарлс со синовите, нивните сопруги и деца, направена на неговиот 70. роденден, 2018 година

 

Парот со новородената ќерка, принцезата Шарлота, 2015 година

 

Фотографија од нивната посета во Бутан, 2016 година

Scroll to Top