Во скопската ЗОО пристигнаа нови шест пингвини

пред 3 години

Во зоолошката градина во Скопје викендов пристигнаа шест нови пингвини од Русија. Новите пингвини се од видот хамболт. Во скопската зоолошка веќе има три пингвини, Скипер, Прајвет и Ковалски, кои имињата ги добија според ликовите од цртаниот филм „Мадагаскар“.

„Oд Русија пристигнаа и преостанатите шест пингвини од групата, три машки и три женски. Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје ЗОО кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски.

Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште“, велат од Зоолошката.

Scroll to Top