(Галерија) Атиџе е новата муза на модниот бренд „Кензо“

пред 4 години

Атиџе Муратова и македонскиот документарен филм „Медена земја“ се инспирација за новата пролетна колекција на модниот бренд „Кензо“. Во колекцијата на португалскиот дизајнер Фелипе Оливиера Баптиста доминираат креации со пчеларски вел, а тој вели дека медената пчеларка е неговата нова муза. „Тоа е една од најдревните соработки помеѓу човекот и природата. Сакав да ја изразам кршливоста на ситуацијата во која што се наоѓаме. Сите го гледаат дното на ситуацијата, но ние одиме високо и сонуваме за оптимизам и иднина. Моделите се однесуваат на филмот ‘Медена земја’ и поврзаноста меѓу пчеларката Атиџе и пчелите“, вели Баптиста за неговите дизајни. Сликите од ревијата ги објави и модното списание „Вог“, па потсети дека филмот го прикажува контрастот помеѓу Атиџе, главната хероина која ги почитува пчелите и им остава половина мед за да преживеат, и нејзинте соседи кои ги искористуваат природните ресурси и ги убиваат пчелите. За потсетување, документарецот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, доби две номинации за Оскар, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Тој се запиша во историјата на оскарите како прв документарен филм кој е номиниран во две категории.

Scroll to Top