Голема излезност на изборите во Црна Гора: до 11 часот гласале 35.4 отсто од гласачите

пред 4 години

До 11 часот гласале вкупно 35,4 проценти од избирачите на парламентарните избори во Црна Гора, објави Центарот за мониторинг и истражување. Ова е многу поголема излезност отколку на изборите во 2016 година, кога до 11 часот гласале 20,7 проценти од запишаните во избирачкиот список. Како што е наведено, во Подгорица гласале 35,8 проценти од избирачите, во северниот дел од земјата 31,7 отсто и на југ 37,1 отсто. РТЦГ ги пренесува податоците на Државната изборна комисија дека до 10 часот гласале 23,05 проценти од запишаните гласачи. Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по прогласувањето на независност на земјата. Парламентарните избори, на кои учествуваат шест коалиции и пет политички партии, ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски. Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места. Текстот Голема излезност на изборите во Црна Гора: до 11 часот гласале 35.4 отсто од гласачите е превземен од А1он .

Scroll to Top