Доли Партон има важна улога во битката против Ковид-19

пред 3 години

Донацијата од милион американски долари на пејачката Доли Партон за истражување на вакцини има важна улога во битката против Ковид, велат американски истражувачи, цитирани од британскиот јавен сервис Би-би-си.

Во април, Партон објави дека парите ги донира на Медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт во Нешвил. Тоа беше едно од пробните места за вакцината на „Модерна“, што е речиси 95% ефикасна, според раните податоци.

Би-би-си го цитира портпаролот на Вандербилт кој изјавил дека „дарежливиот подарок на Партон им помага на неколку ветувачки иницијативи за истражување“.

Дел од средствата на Партон била наменети за финансирање на рано испитување на вакцината на компанијата „Модерна“.

Scroll to Top