Ед Ширан стана татко, необично име за ќерката

пред 4 години

Ед Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн станаа родители, а веста ја потврди Ширан на Интаграм кој напиша : „Ние сме на седмо небо откако нашата ќеркичка дојде на овој свет минатата недела. Апсолутно сме вљубени во неа“, напиша Ширан на Инстаграм Ова е прво дете за двојката, кои ја криеа бременоста. Тие открија дека името на бебето е Лира Антарктика. Ширан и Сиборн се заедно уште од основно училиште, а се венчале пред Божиќ 2018 година, што пејачот го потврди дури неколку месеци подоцна. Ширан за Нова година објави дека ќе земе пауза од музиката откако претходно две и пол години непрекинато беше на турнеја.

Scroll to Top