Кајли Џенер на врвот на листата на „Форбс“ на најплатени ѕвезди, зетот Канје Вест на делечно второ место

пред 3 години

Додека 2020 година беше предизвикувачка година за сите, Кајли Џенер и Канје Вест најдоа начин да заработат повеќе од која било друга селебрити-личност.

Џенер (23) и Вест (43), кој е во брак со нејзината полусестра Ким Кардашијан, се најдоа на првите две места на годишната листа на „Форбс“ на најплатени познати личности за 2020 година.

Џенер, најмладата од кланот Кардашијан, лесно се најде на врвот на листата со огромни 590 милиони долари заработени изминатава година, додека Вест е на далечно второ место со 170 милиони долари.

Најголемиот дел од заработувачката на Џенер годинава дојде од продажбата на 51% од нејзината компанија „Кајли козметика“ на групацијата „Коти“.

Таа заработи 600 милиони долари од продажбата, а Форбс тврди дека нејзиниот профит е 540 милиони американски долари пред оданочување.

Scroll to Top