НАСА тврди дека во нашата галаксија има најмалку 300 милиони населиви планети

пред 4 години

НАСА тврди дека во нашата галаксија има најмалку 300 милиони населиви планети. Од Американската вселенска агенција, велат дека во Млечниот пат има потенцијално, најмалку, 300 милиони планети кои се населиви за човекот.

Вселенскиот телескоп Кеплер, поминал девет години барајќи планети на кои би можело да се живее и успешно лоцираше повеќе од 1000 егзопланети во нашата галаксија, пред да остане без гориво во 2018 година.


Но, останува прашањет, колку од тие планети се населиви, пренесува „Си-ен-ен“. Астрофизичарите собраа податоци од Кеплер и веруваат дека нашле одговор, а според истражувањата ки се појавиле во Астрономските медиуми, во Млечниот пат постојат околу 300 милиони потенцијално населиви планети, што значи дека станува збор за цврсти планети на кои има вода.

Тоа би можело да биде само груба проценка и можно е да постојат многу повеќе од 300 милиони населеви планети, велат од НАСА во најновиот билтен.

Некои од населивите планети би можеле да бидат на околу 20 светлосни години растојание.

„Кеплер ни покажа дека постојат милијарди планети во нашата галаксиа, а сега знаеме дека добар дел од тие планети би можел да биде карпест и населив“, изјавил истражувачот на НАСА, Стив Брајсон.

 

Scroll to Top