Неделен хороскоп: Многу љубов за вагата, девицата со проблеми на работа

пред 3 години

Овен

Сонцето на крајот на неделата влегува во знакот на Стрелец. Доколку сакате забава и романтично време со саканото лице, ќе имате доста прилики за покажување, но и добивање на истото. Имате одредени потешкотии. За да ги решите морате посилно да се ангажирате околу своите обврски. Посветете им се на проблемите побрзо, не ги оставајте да седат на страна. Комуникацијата со соработниците и колегите нема да ви биде пријатна. Ќе се чувствувате одлично.

Бик

Венера, вашиот владетел, ви носи олеснување, но немојте прерано да се радувате бидејќи сеуште не е се како што треба. Комуникацијата ќе ви биде малку потешка, но ќе ја поправите. Искрениот разговор со партнерот ќе ја разреши целосно непријатната ситуација меѓу вас. Финансиската ситуација сеуште не е најдобра. Ќе морате да смислите дополнителен план за штедење и да не си создавате непотребни трошоци. Добро размислете за новите деловни понуди кои ви се нудат. Внимавајте на вирусите.

Близнаци

Оваа недела Сонцето влегува во Стрелец, вашата соларна куќа за врските и ви носи нов развој во врската. Најдобро е на поинаков начин да ја зацврстите врската, а вие знаете како. Венера ви донесува мала несигурност, но тоа е само привремено. Ова не е недела во која треба да ги барате своите права. Ќе морате малку да се приземјите и повеќе да и се посветите на работата без оглед на повратните информации. Можеби нема да бидете задоволни, но ова е само привремена ситуација, следи подобрување. Внимавајте, можни се повреди.

Рак

Оваа недела ќе имате зголемена потреба од поддршка од својот партнер. Потребен ви е посилен израз на емоции. Се чини дека ќе ви биде потребен доказ за љубовта. Сето тоа може да се одрази на расположението на партнерот кој ќе се почувствува загрозен. Големата планетарна активност во Вага ги зголемува вашите обврски. Би можело да дојде до заситување во секој поглед. Можеби ќе биде потребно да се завртите кон нешто поинакво. Во секој случај бидете потрпеливи и нервозата оставете ја за некој друг пат. Зголемете ја физичката активност.

Лав

Сонцето кое му се придружува на Меркур во подрачјето на вашата соларна карта која се однесува на романтиката ви создава многу големи прилики. Имате ли некоја личност која сте сакале да ја исфрлите од животот? Ќе сфатите дека сте погрешиле со мислите. Оваа недела ќе биде неповолна за истакнување на работното место, бидејќи во последно време сте направиле многу грешки кои не само што не ви отвориле нови врати, туку и ви затвориле некои од досега отворените. Понекогаш е добро да запрете и убаво да размислите. Намалете со манипулацијата. Можни се сериозни проблеми со вишокот масти во телото.

Девица

Ова е многу интересно време за вас на сите подрачја во вашиот живот. Куќата, семејството и минатото ќе ви бидат во центарот на случувањата. Се чини дека ќе биде потребно да направите некои големи и длабоки промени. Оваа недела ќе ви биде тешко да се носите со надредените на работа. Комуникацијата едноставно не е на ниво. Обидете се да се контролирате со цел да спасите нешто што може да се спаси. Внимавајте на озборувањата, не учествувајте во нив. Голема доза на нервоза и стрес.

Вага

Вашиот партнер и љубовниот живот ќе бидат одлични. Уживајте во оваа пријатна недела. Ако сте сами, не се наметнувајте бидејќи ќе оставите лош впечаток. Бидете обични, не се покажувајте во поинакво светло, тоа лошо ви стои. Во деловното поле ќе биде потребно да ја покажете вашата тактика и вашиот шарм, само така ќе го остварите замисленото. Искористете ги своите комуникациски способности во деловните преговори. Немојте да губите време на деталите. Општото здравје е добро, но чувајте се од повреди.

Скорпија

Оваа недела искористете ја поволната комуникација за решавање на недоразбирањата со саканото лице. Можеби нема да ви биде пријатно, но отворениот и искрен разговор со партнерот е покорисен од било какви претпоставки. Време е сериозно да размислите за преземање на контрола врз вашата финансиска ситуација. Се чини дека таму имате повеќе проблеми отколку што сте способни да решите одеднаш. Потребно е да воведете малку поголема дисциплина и поинаков ред. Ако забележите проблеми со имунитетот, зголемете го внесот на витамини и минерали.

Стрелец

Сонцето кое влегува во вашиот знак ви носи сериозни емотивни промени. Можно е да влезете во конфлик со лице кое многу ви значи. Вашата емотивна врска мора да се промени со цел да напредува. Работите ќе се движат сами. Тоа не значи дека вие можете да и се фрлите на забавата. Пред вас се отвораат нови прилики кои треба да ги сфатите многу сериозно. Морате да одлучите што навистина сакате.

Јарец

Ова е чудно време за вас. Многу работи се случуваат зад затворени врати. Ќе морате малку подобро да се борите против проблемите во врската. Ако сте сами, обновете го изгледот, променете нешто на себе. Ќе морате малку повеќе да се потрудите за вашите проекти и задачи да ги донесете на малку повисоко и поквалитетно ниво. Можеби ќе биде потребно да бидете упорни, па дури и досадни за да ги остварите средбите кои ги сакате. Подгответе се професионално да им пристапите на деловните состаноци. Ќе бидете чувствителни на временските промени, пазете се од настинки.

Водолија

Би сакале да имате поквалитетен приватен живот. Оваа недела имате прилика да запознаете многу интересни лица. Излегувајте почесто и дружете се со драгите лица. Венера во Вага ќе ви донесе одлични промени кога станува збор за љубовта. Имате енергија за сите обврски пред вас. Ширите позитивна енергија околу себе. Ќе имате поддршка за се што ќе замислите. Луѓето ќе уживаат во ваше друштво. Помогнете им на оние на кои им е потребна поддршка. Пушачите треба да ги остават цигарите.

Риби

Ќе имате потпора од своите сакани лица. Сето тоа зависи од начинот на кој вие ќе се поставите кон случувањата. На некои ќе им биде одлично, а некои нема да се снајдат од прва. Заборавете на претераните размислувања и делувајте како што ви вели срцето. Комуникацијата нема да биде на нивото на кое сте се навикнале, па очекувајте одредени потешкотии со надредените. Доколку сте изложени на повисок стрес можни се сериозни грешки. Ќе биде потребно малку да се опуштите и да гледате поинаку на работите. Силниот стрес ќе ви создаде мачнини, главоболка и омалаксаност.

Scroll to Top