Поранешниот француски претседател Никола Саркози е осуден денеска на три години затвор поради поткуп и вршење недозволено влијание. Од тоа, две години се условна казна.
Одлуката ја донесе парискиот Кривичен суд. 66 годишниот Саркози, најверојатно казната нема да ја помине во затвор, туку ќе може да ја одлежи дома, под електронски надзор.
Денеска е осуден и неговиот, Тјери Херцoг, како и обвинителот Гилберт Азиберт. Дvајцата добија иста казна како и Саркози – три години затвор, од кои две години условна казна.
Саркози е обвинет дека со помош на својот правен советник во 2014 година, се обидел да дозае детали од истрагата за неговата претседателска кампања, а за возврат, нудел помош за стекнување функции во Монако.
Истрагата за финансирање на кампањата е покрената против Саркози поради наводите дека во 2007 година, за време на претседателската кампања прифатил нелегални исплати од наследниkot на компанијата Loreal, Лиријал Бетнакур.
Извор/Курир.рс