Откако Илон Маск купи биткоини, криптовалутата ги урна сите рекорди

пред 3 години

Цените на биткоино доживеаа нов рекорд и за првпат една ваква криптовалута достигна цена од 48.000 долари. Ваквата нова ситуација беше предизвикана, откако основачот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Како што наведоа од компанијата „Тесла“, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи, според податоци на SEC.

Маск објави дека во иднина неговите автомобили ќе може да се набавуваат и со биткоини. По оваа објава, вредноста на биткоинот скокнала дури 10,96 проценти – на 43.200 долари, а растот продолжил и после тоа.

Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаде за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источно време.

Електричните автомобили на Илон Маск ќе можат да се купат и со биткоини

Scroll to Top