Патриотски протест поддржан од владиката Агатангел попладнево пред седиштето на ЕУ

пред 4 години

Протест наречен „Семакедонски народен собор“ е најавен на социјалните мрежи за попладнево пред седиштето на Европската унија во Скопје, против, како што велат организаторите, „омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.“ Протестот пред една недела во видеопорака го поддржа митрополитот на МПЦ-ОА Агатангел, кој рече дека тој е инициран од „група млади поттикнати од љубовта кон земјата, а разочарани од немањето македонска национална политичка партија“. „На овој семакедонски собор групно со песна ќе се појде до македонскиот парламент да се искаже незадоволство прво кон промената на светото македонско име, промената и непризнавањето на македонскиот јазик, непризнавањето на МПЦ, која е столб и тврдина на оваа света македонска држава. На демократски начин да се избориме за нашите права“, вели во пораката владиката Агатангел, кој ги повикува присутните на протестот да ги почитуваат сите заштитни мерки против ширењето на коронавирусот. Текстот Патриотски протест поддржан од владиката Агатангел попладнево пред седиштето на ЕУ е превземен од А1он .

Scroll to Top