Пирс Морган цврсто стои на својот став за Меган по оставката од „Добро утро Британија“

пред 3 години

Пирс Морган изјави дека останува на својата критика за војвотката од Сасекс, откако емисијата на Ај-ти-ви „Добро утро,Британија“ се емитуваше првпат по неговото заминување, пренесува британски Би-би-си.

Во вторникот беше објавено дека Морган го напуштил шоуто откако рекол дека не ѝ верувал ниту збор на Меган во нејзиното интервју за Опра Винфри.

Коментирајќи ја неговата оставка, другата водителка Сузан Рид рече дека не се согласува со неговите коментари, и додаде: „Емисијата продолжува“.

„Офком“ ги испитува неговите коментари откако доби 41. 000 поплаки.

Ранвир Сајн, кој во средата седеше на столот на Морган, рече: „Не го викаме Мaрмит без причина“. Сè уште не е познато кој ќе биде негова трајна замена во Good Morning Britain.

Како што започнуваше програмата, Морган напиша на Твитер: “Во понеделникот, реков дека не верувам во Меган Маркл во нејзиното интервју за Опра. Имав време да размислувам за ова мислење, и сè уште не верувам.”

Тој додаде: “Слободата на говорот е рид на кој со задоволство ќе умрам. Ви благодарам за целата љубов и омраза. Одам да поминувам повеќе време со своето мислење”.

Неговиот твит беше придружен со фотографија од Винстон Черчил со цитат за слободен говор.

Scroll to Top