По големиот број несреќни, спорниот Боинг 737 Max повторно ќе лета

пред 3 години

По 20 проблематични месеци за Боингот 737 Max, кој беше повлечен поради големиот број несреќи, овој тип на авион, повторно ќе се најде меѓу облаците.

Бразилската компанија Gol, стана првата која повторно ќе ги пренесува патниците со ова летало. За потсетување, во падот на авионот 737 Max, загинаа стотина луѓе. Првата несреќа се случи во октомври 2018 година во Џакарта, кога животот го изгубија 189 патници.

Втората трагедија се случи во Етиопција, во март 2019 година. Во неа загинаа 157 луѓе, за само шест минути. По проверките, кои траеле речиси две години, овој модел повторно е во игра и е подготвен за комерцијални летови.

На 9. декември, летот бил реализиран на релација меѓу бразилските градови Сао Паоло и Порто Алегре. Бразилската регулаторна агенција за цивилно воздухопловство, ANAC, ја укина забраната за користење на авионите Boing 737 Max, на крајот на ноември.

Претходно, слична ваква одлука била донесена од страна на Американската сојузна управа за цивилно воздухопловство.

Обновата на летовите на овој тип на авиони, е многу важна за американскиот производител, кој моделот 737 Max се обидувал да го врати во употреба многу порано, уште на крајот на минатата година.

Интересно е тоа што компанијата Gol; нарачала повеќе од 100 вакви летала, а според податоците, следната компанија која ќе понуди летови со моделот 737 Max, ќе биде „Американ ерлајнс“, и тоа веќе од 29. декември.

 

Scroll to Top