„Сексот и градот“ ќе се снима без Саманта

пред 3 години

Иако актерките од „Сексот и градот“ веќе неколку години сакаат да се сними трет дел на филмот, во новото продолжение нема да глуми Ким Катрал, односно Саманта. Ким уште пред неколку години изјави дека решила никогаш повеќе да не ја игра Саманта Џонс, за многумина омилениот лик во серијата. Сара Џесика Паркер (Кери), Синтија Никсон (Миранда) и Кристин Дејвис (Шарлот) веќе работат на нова серија од неколку епизоди и на третиот дел од филмот, но Ким вели дека нема да ја смени својата одлука.

„На многу начини таа серија беше голем благослов, но по вториот филм веќе ми беше доста. Не можев да сфатам зошто едноставно не ме заменат со друга актерка и наместо тоа ме малтретираа. Не значи не! Не сакам да поминам ниту еден час во ситуација во која не ми е пријатно. Сакам да бирам со кој ќе го поминувам времето, приватно и професионално. Тоа е мојот живот“, изјави Ким во едно скорешно интервју.

Таа одбива да се врати на снимањето, бидејќи одамна постои нетрпеливост меѓу неа и Сара Џесика Паркер.

HBO Max планира да сними неколку епиизоди од серијата пред филмот, но за сега не е познато дали авторите целосно ќе го изостават ликот на Саманта или ликот ќе постои ама ќе го глуми некоја друга актерка.

„Не можам да замислам никој друг да ја игра Саманта. Ким кажа сè што требаше да каже и тоа е нејзино право. Ние продолжуваме понатаму,“ изјавила неодамна Паркер.

Scroll to Top