Со кавга за доцнењето почна и продолжението на седницата за избор на влада во Собранието

пред 4 години

Во полупразна сала претседателот Талат Џафери ја продолжи седницата за избор на влада во Собранието. Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ побараа министрите да дојдат на седницата за да ги слушнат евентуалните забелешки или пофалби. Во салата со задоцнување од неколку минути влезе мандатарот Зоран Заев, а по него се појавија уште неколку министри. „ Пратениците кои бараат точност добро е да ги почитуваат нивните барања. Истото важи и за продолжување на седницата. Ако одморот беше до 15.15 почитуваните дами и господа треба да бидат конзистентни во барањата, координаторите треба да обезбедат кворум и услови за донесување на одлуки. Имам разбирање за пратениците, затоа дадов можност координаторите да ги најават дискусиите. Ниту сум лут, ниту нервозен, но јас не сум вреќа за удирање“, рече Џафери и покажа на полупразната сала. Тој нагласи дека за почеток на седницата не е предуслов сите да бидат присутни, туку да бидат тука следните говорници и мандатарот. За доцнењето денес му забележа и пратеничката Гордана – Сиљановска – Давкова оти седницата почна со задоцнување од четириесет минути. Таа побара Џафери да внимава седниците да почнуваат навреме, му замери и за тоа што ги коментира говорите на пратениците, што како што рече не е негова обврска. Текстот Со кавга за доцнењето почна и продолжението на седницата за избор на влада во Собранието е превземен од А1он .

Scroll to Top