„Тојота“ предвидува поголема заработка за тековната фискална година

пред 3 години

„Тојота мотор“ значително ги ревидираше своите прогнози за заработката за тековната фискална година поради поголемата продажба во Јапонија и Северна Америка, и покрај пандемијата на Ковид-19.

Како што се наведува во денешното соопштение, перспективите на оперативната добивка се зголемени на два трилиони јени (15,75 милијарди евра) за годината, што завршува на 31 март. Претходно, во ноември лани беа предвидени 1,3 трилиони јени и нето добивка од 1,9 трилиони јени.

За последното тримесечје на 2020 година, „Тојота“ оствари оперативна добивка од 987,9 милијарди јени, што е за 54,3 насто повеќе од претходната година, додека нејзината нето добивка скокна за 50 насто, на 838,7 милијарди јени. Продажбата порасна за седум отсто, на 8,15 милијарди јени. Тоа значи – продадени 592.000 возила во Јапонија, што е за 14,7 отсто повеќе од претходната година, додека бројот продадени автомобили во Северна Америка порасна за 12,7 отсто, на 753.000 единици.

Групацијата „Тојота“, вклучувајќи ги тука „Дајхатсу мотор“ и „Хино моторс“, се очекува да продадат вкупно 9,73 милиони возила во тековната фискална година до март, ревидирана за 9,42 милиони отсто од ноември.

Во 2020 година, „Тојота“ продала повеќе возила ширум светот од „Фолксваген“, па го симна од престолот германскиот соперниик, како најголем производител на автомобили на планетава. Тоа, за првпат последниве пет години, и покрај падот на продажбата среде пандемијата.

Групацијата, исто така, објави дека нејзината продажба на големо, во светски рамки, паднала за 11,3 насто во однос на претходната година, на 9,5 милиони автомобили.

Scroll to Top