Третпат одложена премиерата на филмот за Џејмс Бонд

пред 4 години

Премиерата на филмот No Time to Die, за тајниот агент Џејмс Бонд е повторно одложена. Наместо во ноември, филмот ќе почне да игра во кината на 2 април 2021 година, објавија продуцентите. Ова е третпат тие да го менуваат датумот на премиерата на филмот. Одлуката за одложување се должи на зголемениот број заразени луѓе со корона во Њујорк и Лос Анџелес, но и во Европа. Во новиот филм за Бонд главната улога ја игра Даниел Крег. Ова е последен пат тој да го глуми тајниот агент 007.

Scroll to Top