Што не смее да прави американскиот претседател без Тајната служба

пред 4 години

Иако се чини дека животот на американскиот претседател е идеален, сепак, секојдневието на другите луѓе е огромен организациски проблем за претседателот на Соединетите Американски Држави. Што не смее да прави без Тајните служби претседателот на САД:

1. Случајни телефонски разговори со пријателите се забранети
Тајната служба на САД го координира секој потег на претседателот на оваа земја, а тука се свклучени и телефонските разговори на првиот човек на САД. Ако сака да разговара со пријателите, претседателот може да го стори тоа само преку линиите што ги обезбедува Тајната служба. Сите други разговори се забранети поради можно прислушување.

2. Одење во кино
Одењето во кино или театар не дел од секојдневието. Сепак, поради посебни протоколи, Белата куќа не ја препорачува оваа активност. Доколку претседателот на САД сака да гледа филм, тој едноставно ќе му биде обезбеден во канцеларијата и нема да има потреба да оди надвор од Белата куќа.

3. Одење на вечера
Сепак, оваа опција е можна, но пед излегувањето, Тајната служба мора да направи план за обезбедување на ресторанот каде што претседателот сака да јаде. Исто така, она што може да биде проблем е храната што според правилата прво треба да ја провери експерт за да се осигура дека храната е безбедна за претседателот.

4. Возење кола
На американскиот претседател му е забрането да вози сам, а за неговиот превоз се задолжени луѓето кои поминале низ тешка обука и биле тестирани за многу непредвидени ситуации што можат да се случат додека возат. Претседателот се превезува во блиндиран автомобил  кој е целосно прилагоден на потребите на Белата куќа.

5. Летање со комерцијални летови
Ако претседателот сакаше да патува со комерцијален лет поради некоја причина, Тајната служба тоа не би го дозволила. Со оглед на тоа што а потребите на првиот човек на САД е обезбеден специјалниот Air Force One, ова не е толку голем проблем за претседателот и неговото семејство.

6. Присуство на настани на кои учествуваат нивните деца
Иако е сон на секој родител да присуствува на спортски или друг настан во кој учествува и неговото дете, за американскиот претседател, овој вид забава не може да помине без детален план за обезбедување на настанот. Од овие причини, децата на американскиот претседател одат во училиште во Белата куќа, бидејќи за организација и обезбедување на обично училиште би биле потребни многу финансиски и човечки ресурси.

 

Scroll to Top