39 нови случаи на Ковид-19, починале четири лица

пред 4 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-7, Куманово-3, Прилеп-8, Тетово-2, Струга-2, Гостивар-11, Гевгелија-2, Кочани-2, Кратово-1, Свети Николе-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје-6, Штип-21, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Виница-2, Кичево-4. Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 5901, активни 854 • Куманово 1471, активни 378 • Дебар 252, активни 84 • Штип 1134, активни 148 • Прилеп 463, активни 115 • Тетово 1210, активни 163 • Струга 562, активни 60 • Велес 270, активни 31 • Битола 203, активни 39 • Охрид 337, активни 34 • Кавадарци 182, активни 80 • Гостивар 789, активни 237 • Гевгелија 51, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци) • Струмица 65, активни 21 • Крива Паланка 46, активни 17 • Радовиш 42, активни 6 • Крушево 16, активни 0 • Кочани 145, активни 29 • Пробиштип 80, активни 14 • Демир Хисар 60, активни 16 • Македонски Брод 71, активни 18 • Пехчево 18, активни 12 • Берово 57, активни 48 • Валандово 9, активни 2 • Виница 70, активни 36 • Делчево 59, активни 50 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 19, активни 4 • Свети Николе 288, активни 64 • Кичево 269, активни 66 • Ресен 146, активни 0 • Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 817 теста се преку: ИЈЗ- 196, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-148, Биотек-178, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -141, лабораторија Лаор –92, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-0, ГАК-13, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19. Текстот 39 нови случаи на Ковид-19, починале четири лица е превземен од А1он .

Scroll to Top