Вјоса Османи ја прекина соработката со Демократскиот сојуз на Косово

пред 4 години

Претседателката на косовското Собрание, Вјоса Османи ја прекина соработката со Демократскиот сојуз на Косово, јавија локалните медиуми. Таа објасни дека сега е веќе доцна партијата предводена од Иса Мустафа да побара поддршка од неа во случај на предвремени избори во државата. „Тука заврши сè“, рече Османи и изјави дека остава можност за идна соработка со претседателот на движењето Самоопределување , Албин Курти. „Контактираме и разговараме за различни теми за соработка и како таа соработка ќе се конкретизира во иднина, ќе ве известам кога сè ќе биде потврдено“, рече таа. Претходно, предлог за нејзино разрешување достави лидерот на партијата Демократски сојуз на Косово, Иса Мустафа, затоа што, како што изјави тој, Вјоса Османи одбила да гласа за уривање на Владата на Албин Курти и истовремено одбила да гласа за формирање на нова Влада предводена од Авдулах Хоти. Несогласувањата меѓу Вјоса Османи и водството на Демократскиот сојуз на Косово започнаа кога таа заедно со уште неколку други претставници од партијата не гласаа за уривање на Владата на Албин Курти. Во однос на преговорите меѓу Приштина и Белград во Вашингтон, Османи имаше различни мислења околу составот на косовската делегација која треба да преговара со Србија. Текстот Вјоса Османи ја прекина соработката со Демократскиот сојуз на Косово е превземен од А1он .

Scroll to Top