Амазон еднократно ќе им подели по 300 долари на вработените, по критиките за укинатите бонуси

пред 3 години

Американскиот гигант во онлајн-трговијата, Амазон, на вработените кои ги пакуваат и испорачуваат производите ќе им исплати еднократен празничен бонус во износ од 300 долари, откако синдикатите и други организации ја критикуваа фирмата поради укинувањето на надоместоците за работа во ризични услови поради пандемијата со Ковид-19.

Амазон соопшти дека на работниците со полно работно време ќе им бидат исплатени бонуси од 300 долари, а на хонорарците по 150 долари, ако работат во текот на целиот месец декември.

– Тоа Амазон ќе го чини околу 500 милиони долари, изјави шефот за логистика во компанијата, Дејв Кларк.

Амазон кон крајот на мај го укина додатокот од два долара по час за стотици илјади вработени во магацините и дистрибутивните центри, но во јуни сепак исплати еднократни бонуси од 500 долари.

Scroll to Top