Амазон не може да постигне со нарачките, купи уште 11 авиони за да ги забрза испораките

пред 3 години

Американската онлајн компанија „Амазон“ денеска соопшти дека купила 11 авиони Боинг 767-300, со цел да ја зајакне можноста за брза испорака на стоки и да одговори на растот на нарачките преку Интернет.

Авионите, од кои седум се купени од „Делта ер лајнс“ и четири од „Вест џет ерлајнс“, ќе се приклучат на карго воздушната флота на „Амазон“ до 2022 година, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата.

Во јуни, „Амазон“ изнајми 12 товарни авиони Боинг 767-300 од Групата за услуги за воздушен транспорт, со што вкупната флота се искачи на повеќе од 80 авиони.

– Комбинацијата на изнајмени авиони и оние што ги поседуваме во нашата растечка флота ни овозможува подобро да управуваме со нашиот бизнис, рече Сара Роудс, потпретседател на „Амазон глобал ера“.

Компанијата во октомври соопшти дека веројатно ќе продолжи со зголемувањето на трошоците за инфраструктура за испорака на стоки.

Scroll to Top