(ВИДЕО) Васев: Со надзорната расправа пропаднаа лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ за „Еуростандард Банка“

пред 3 години

„Вчерашната надзорна расправа во Собранието околку случувањата со „Еуростандард Банка“ покажа дека пропадна уште еден обид на очајната ВМРО-ДПМНЕ за партиско профитирање.

Пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губтиникот Мицкоски да се внесе паника во јавноста преку пласирање шпекулации дека банкарскиот систем е загрозен“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Пропаднаа и обидите да се обвини СДСМ и власта заради неуспешната работа на менаџментот на „Еуростандард Банка“.

Надзорната расправа покажа дека и партнери на Мицкоски во бизнисите со хидроцентралите земале кредити од „Еуростандард Банка“, како што е фирмата „Минка ДА“.

Случајот со „Еуростандард Банка“ го водат, независни, професионални и одговорни институции кои работат согласно законите и единствено во интерес на граѓаните и државата.

Без разлика дали станува збор за банкарскиот сектор, за економијата, за здравјето на граѓаните или иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е секогаш на спротивната страна.

Лажни вести, деструкција, дејствување на штета на граѓаните, тоа е она што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојденвно го прават. Со таквото однесување, тие единствено можат да се надеваат дека уште долго ќе останат таму каде што се – во длабока опозиција“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Scroll to Top