ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна, фирма на Вице вмешана во криминал од 200 милиони евра, земала кредити од Еуростандард банка

пред 3 години

Зоран Заев призна, фирма на Вице Заев е вмешана во криминал тежок 200 милиони евра. Имено фирма каде Вице Заев е косопственик земала кредити од сега пропаднатата Еуростандард банка, тоа го призна лично Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Самиот Заев негираше првин дека фирми на неговото семејство се вмешани во скандалот со Еуростандард банка, за откако почнаа са излегуваат сведоштва и докази да признаа дека се дел од 200 милионската афера.
Илјадници штедачи се уште ги чекаат своите пари, животните заштеди на некои луѓе пропаднаа преку ноќ, а фирми на Заев и ним блиски луѓе земале кредити без покритие“, велат од партијата.

Заеви и ним блиски луѓе, додаваат од таму, се богателе на сметка на штедачите чии пари ги нема, затоа што завршиле како пласирани кредити без покритие.

„Ова сведоштво на Заев е скандалозно само по себе. Заев доколку имаше грам совест после пропаѓањето на банката ќе си поднесеше оставка, но тоа не се случи затоа што партискиот и политичкиот интерес на Заев му се пред државниот. Одговорност за криминалот во Еуростандард банката, како и во сите криминали во овие 100 дена влада, но и пред тоа мора да има. За да има одговоеност, треба Заев човекот кој го држи системот заробен да си замине. Оставка на Заев, слобода на народот“, се наведува во соопштението.

Scroll to Top