(ВИДЕО) Трипуновски: Владата веднаш да изврши 100% зголемување на субвенциите на тутунот

пред 3 години

„Главниот виновник за проблемите со кои се соочуваат тутунарите во моментов е Зоран Заев.

Заев е човекот кој дозволи увоз на тутун со што ја спушти цената на тутунот на домашниот пазар, го загрози домашното производство, но и остави простор за големи количини да останат неоткупени.

Заеви се влезени во бизнисот со тутун, и го гледа само својот бизнис интерес, а не интересот на тутунарите“, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тутунарите,нивната мака и труд се целосно погазени и потценети. Во моментов имаме за класа до две пониска проценка со што цената на тутунот е за повеќе од 60 денари пониска од истиот период минатата година. Годинава ја имаме буквално најниската цена на тутунот по 2005 година.

Дополнително илјадници семејства немаат каде да го продадат својот тутун затоа што има над 3 милиони тони тутун за кој немаат потпишано договори.

Власта не нуди конкретни решенија, туку ги влечка тутунарите по состаноци на кои им ветуваат работи, кои не држат ниту до наредниот состанок“, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top