Влада: Минималната плата ќе продолжи да расте, обвинувањата на КСС се неосновани

пред 3 години

Неприфатливи се барањата на претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски, Владата и Министерството за труд и социјална политика да постапуваат спротивно на Законот за минимална плата. Сметаме дека обвинувањата на КСС се несериозни и неосновани велат од Владата во соопштение кое е реакција на прес конеренцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати во врска со минималната плата.

„Институциите се должни да го почитуваат и доследно да го спроведуваат законот, затоа што само на тој начин граѓаните и работниците ќе бидат заштитени и нема да се соочуваат со неизвесност. Со цел да овозможиме широк и сеопфатен дијалог, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика даваат можност на сите чинители да дадат свој придонес во дебатата за економско-социјалните прашања. КСС, иако нема утврдена репрезентативност, е дел од дијалогот што се води на Економско социјалниот совет, но можноста за гласање ја имаат само репрезентативните претставници на работниците и на работодавачите. За жал КСС, во услови кога во Економско-социјалниот совет сé уште не е затворено прашањето за покачување на минималната плата, ја манипулира јавноста и ја злоупотребува можноста што им е дадена да присуствуваат на тие состаноци“ – стои во дописот од Владата.

Scroll to Top