Во Британија 782.000 луѓе останале без работа од почетокот на пандемијата

пред 3 години

Стапката на невработеност во Велика Британија се искачи на 4,8 проценти, откако пандемијата на коронавирусот уништи рекорден број работни места во државата, покажуваат најновите податоци на Националниот завод за статистика.

Податоците се за третиот квартал, а во второто тромесечје процентот на невработеност изнесуваше 4,5 отсто.

Од почетокот на пандемијата во март, 782.000 луѓе останаа без работа, од кои 314.000 работници се отпуштени во третиот квартал, што е повеќе од негативниот рекорд од времето на глобалната финансиска криза во 2009 година.

Scroll to Top