ЕУ изрази жалење поради најавата за нови давачки при извоз во САД

пред 3 години

Брисел, 31 декември 2020 (МИА) – Европска Унија денеска изрази жалење поради најавата на САД да вовдат дополнителна царина за француските и германските производи, како дел од спорот поврзан со авиопроизводителите Ербас и Боинг.

Брисел истакна дека Вашингтон еднострано ги прекршил тековните преговори и најави дека ќе бара решение со администрацијата на Џо Бајден.

ЕУ наведе дека ја контактира новата администрација на САД што е можно побрзо за да ги продолжи овие преговори и да најде трајно решение за спорот.

САД најавија дека ќе воведат дополнителни царини за француските и германските производи како дел од долготрајниот спор околу субвенциите за производителите на авиони Ербас и Боинг.

Scroll to Top