Кредити од ЕБОР преку НЛБ Банка Скопје за конкурентноста и енергетска ефикасност (ДПЛ)

пред 4 години

Осум милиони евра преку две кредитни линии што ги обезбеди НЛБ банка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе бидат на располагање за поттикнување инвестиции кај домаќинствата за енергетска ефикасност и за подобрување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија. Скопје, 16 септември 2020 (МИА) –  Осум милиони евра преку две кредитни линии што ги обезбеди НЛБ банка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе бидат на располагање за поттикнување инвестиции кај домаќинствата за енергетска ефикасност и за подобрување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија. Пет милиони евра се наменети за поддршка на малите и на средните претпријатија, а три милиони евра за домаќинствата за инвестиции во зелена енергија.Со овие кредитни линии НЛБ Банка стана корисник на програмите за поддршка на конкурентноста и за финансирање на зелена економија. Условите за кредитите ќе бидат објавени во текот на следните два дена. Генерално, кај правните лица периодот на отплата ќе биде пет години, со грејс период од една година. Каматните стапки ќе се движат од 3 до 5 проценти. Кај физичките лица ќе има два продукти – еден потрошувачки кредит до 10 илјади евра и еден станбен кредит до 50 илјади евра. За заедница за станари висината на кредитот ќе биде до 300 илјади евра. –  Со потпишувањето на овој договор со ЕБОР покажуваме дека и во ситуација на криза, остануваме на определбата за развојни проекти. Обездувањето на овој финансиски пакет од од особена важност за нашите клиенти затоа што ќе им обезбеди полсене пристап до средствата за финасирање проекти за обновливи избори на енергија, остварување енергетски заштеди и заштита на животна средина, рече директорот на НЛБ Банка по потпишувањето на договорите со Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за државава. И покрај негативните ефекти од кризата, побарувачката за продукти наменети за подобрување на конкурентноста и обезбедување енергетска ефиканост останала на високо ниво. Се очекува  двете кредитни линии да ги покријат овие потреби. Претставникот на ЕБОР, Аранитаси порача граѓаните да не се двоумат и да инвестираат во енергетската ефикасност. Програмата за поддршка на конкурентноста е развиена од ЕБОР и ЕУ и преку неа локалните мали и средни бизниси добиваат поддршка во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравје, безбедност, како и квалитет на производи. Тоа, потенцираше Арантисани, се области каде сакаме македонските претпријатија да се издигнат бидејќи се стремат кон интеграција во регионалните и европските пазари. Програмата за финансирањена зелената економија, пак се фокусира на кредитирање на побарувачката за енергетска ефикансот од страна на граѓаните, која продолжува и во овие времиња на предизвици, но остануваме да бидеме на располагање на клиентите во поддршка на зелената транзиција на Северна Македонија, рече претставникот на ЕБОР. лв/бак/

Извор: mia.mk

Scroll to Top