Лухтханза ќе отпушти 29 илјади вработени до крајот од годинава

пред 3 години

Германската авиокомпанија Луфтханза до крајот од годината ќе отпушти 29 илјади вработени. Надвор од Германија ќе бидат отпуштени 20 илјади луѓе, а компанијата ја продава кетеринг едницицата во која има над седум илјади работници. Со тоа бројот на вработени во Луфтханза низ светот ќе панде на 109 илјади.

Следната година компанијата во Германија ќе укине уште 10 илјади работни места. Луфтханза веќе потроши три милјарди евра од деветте милјарди евра државна помош која ја доби годинава од државата.

Компанијата претходно на синдикатите им вети дека нема да дели откази, а ќе намали на бонуси и на други исплати.

Scroll to Top